Во рамките на Факултетот за Електротехника и информациски технологии, пред две години произлезе идеја од студентите и нивниот професор за иновација која ќе го зголеми протокот на информации во однос на загадувањето на воздухот. ИНФОРМ, ИНОФЕИТ и Фонд за иновации ја препознаа можноста на ваквата иновација. Затоа на 13ти јуни го презентираме нашиот прототип наречен Bluecloud.

Презентацијата ќе се одржи на 13.06.2019 (четврток) од 12:00 до 14.00 часот во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, на ул. Руѓер Бошковиќ бр.18, Скопје.