На 21 Јуни 2018 година во Скопје, Информ ДОО Скопје и Центарот за транфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ склучија Договор за соработка и развивање на проекти чија цел е допридонесување за проширување на можностите на студентите и развојот на економијата во Македонија.

Имајќи ги предвид целите за проширување и интензивирање на соработката со бизнис заедницата, ИНФОРМ и ИНОФЕИТ ќе работат на низа иновативни технолошки проекти и решенија со тоа што за прв пат во Македонија ќе им се овозможи на студентите да работат на нив.

– Токму поради овие причини покренавме иницијатива за соработка со тоа што ќе се овозможи фунционалност на Високите образовни установи со бизнис секторот во Македонија.

Македонија има добра бизнис клима и кфалификувана работна сила при што се чувствува потребата од развивање на производствените капацитети, подобрување на деловните вештини и познавања, како и зголемување на соработката на домашните компании со партнери од други земји.

– Начинот на кој компаниите денес фунционираат може да понуди многу за домашен а и светски пазар – велат од ИНФОРМ.

Преку оваа соработка двете страни се надеваат на позитивен почеток за зајакнување на капацитетите на бизнис секторот и академската заедница во државата како и за идеја која што ќе го привлече вниманието и на другите компании да се одлучат на ваков чекор.

Клучните елементи од договорот се состојат од дозвола за користење на просториите каде работи ИНОФЕИТ со тоа што ќе се овозможи реазлизација на проекти во соработка со наставниот кадар и студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Работата на практични проекти ќе биде суштинска во новите студиски програми и ќе им овозможи на студентите да се запознаат со тимска работа, работа во одредени рокови и најважно работа на конкретен и практичен проблем – вели професорот Атанасовски, продекан за финанси и соработка со стопанството при ФЕИТ и директор на ИНОФЕИТ.